ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/21/19 12:02 PM

БиХ: Рудо ја доби првата снаа од Африка

Несекојдневна свадба овој викенд се случила во Рудо, место кај нас познато од Втората светска војна и НОВ. Новак Јаковљевиќ од Рудо се ожени со Пенин Муриаси од Кенија, со што таа е првата африканска снаа во тој регион и една од ретките во Босна и Хрцеговина.

Свадбата беше направена според сите народни обичаи, а сите жители на Рудо и на тој крај слушнале за таа необична приказна, пишуваат босански медиуми.

Се запознале во Кенија. Новак и’ бил на гостин еден месец, а таа во Рудо дошла неколкупати. За свадбата дошла само со една другарка.

Иако во Кенија, а и во БиХ, браковите меѓу белци и црнци се реткост, тоа нив двајцата не ги спречило да почнат заедники живот.

Пенин веќе почнала процедура за добивање државјанство, иако вели дека со сопругот размислувале да почнат заеднички бизнис, но во друга земја.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7