– ММС
Вести Свет

Запален индонезиски затвор во тек на протест – избегале 258 осуденици

Идонезиската полиција е во потрага по повеќе од 250 осуденици кои побегнале од затвор. Затворот е запален ден претходно во текот на протестите и нередите во градовите на истокот на Индонезија.

Од затворот во Сороного избегале 258 од вкупно 547 осуденици колку што во моментот издржуваат затворска казна. Од локалната полиција изјавиле дека некои од избеганите осуденици веќе биле фатени, но не прецизираат за колкумина се работи, пренесува „Ројтерс“.

Во повеќе градови вчера беа одржани протести поради притворањето на еден студент од Сурабаја. Наводно изразил непочитување на индонезиското знаме истакнато пред студентски дом за време на прославата во саботата на Денот на незвисноста. Полицијата уапсила 43 студенти.

Лограње

X

Регистрација