– ММС
Вести Македонија

Катица Јанева не им одговори на новинарите каде се парите

На влегувањето во Обвинителството нешто по 10 часот, кратка изјава за новинарите даде шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, која денеска е повикана да сведочи за сличајот „Рекет“. Јанева не одговори на новинарските прашања и беше кратка во изјавата.

-Јас сум се’ уште специјален јавен обвинител во Република Македонија. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред судот. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа ецен. Што се однесува до мојата изјава денеска, се надевам дека со моите аргументи, со мојата изјава, ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева, се сврте и влезе во зградата на јавното обвинителство.

По неа новинарите повикаа со прашања:

-Госпоѓа Јанева, што не смее Лиле Стефанова без вас?

-Каде се парите госпоѓо Јанева?, прашаа новинарите.

Јанева молчејќи продолжи да се движи кон влезот на Обвинителството.

Лограње

X

Регистрација