– ММС
Вести Македонија

Се обележува првата национална патека во Брегалничкиот регион

Планинарскиот спортски клуб ,,Голак” ги постави патоказите од Делчево до врв Чавка на 1538 метри надморска висина и врв Мала Чавка на 1508 метри надморска висина, со што од делчевска страна го заврши обележувањето на националната патека финансирана од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, како и од Федерацијата за планинарство на Р.С.Македонија. Во рамки на активноста како што информираше Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК ,,Голак”, освен планинари од Делчево присуствуваше и претставник на Агенцијата за развој и промоција на туризмот.
-Со оваа Општина Делчево е првата во регионот која ја има носечката планинарска трансверзала Голак-Плачковица и на која во иднина ќе можат да се надоврзуваат други патеки кон околните планини во регионот, информираше Чучуковски.
Поставувањето на патоказите, додаде, продолжува во делот од виничка страна.
-Во идните денови продолжуваме со поставување на патокази и на планината Пачковица на потегот од село Блатев, Врв Чупоно на 1723 метри надморска висина – брбот Мал Бел Камен на 1701 м.н.в и врвот Лисец на 1754 метри надморска висина кој се наоѓа над село Градец во општина Виница, дополни Чучуковски.
Во наредниот период се очекува оваа национална патека да биде надоврзана со планинарски патеки кои ќе водат кон Осоговските Планини, Малешевските Планини, Влаина, Готен, Огражден, Средна, Обозна и други планини.

Лограње

X

Регистрација