– ММС
Вести Македонија

Нова образовна насока во гимназијата „Ацо Русковски“ во Берово

Вкупно 104 нови средношколци ќе ја започнат учебната 2019/20 година во беровската гимназија „Ацо Русковски”. Заклучно со последниот упис, како што информираше директорот Сашко Корчовски, гимназијата имаше на располагање слободни места како во гимназиските, така и во стручните образовни насоки.
– Уписите за запишување на ученици во прва година завршија, а во нашата гимназија досега се запишаа 104 ученици кои ќе започнат да следат настава во прва година гимнаизија. На учениците им понудивме уписи во гимназиски паралелки како и во две струки, угостителско-туристичка и текстилно-кожарска, соопшти Корчовски.
Во координација со општина Берово годинава и Министерството за образование годинава во училиштето за прв пат се вршеше упис и во шумарско-дрвопреработувачката струка, соопшти Корчовски.
-Ова е новитет во делот на уписите во гимназијата. Најголем интерес годинава учениците покажаа за гимназиските паралелки. Во последните три-четири години интересот се зголемува и за туристичко-угостителската струка, па потоа следат текстилно-кожарската и еве од годинава за прв пат учениците имаа можност да се запишаат во дрвопреработувачката насока, додава Корчовски.
Во општинското средно училиште „Ацо Русковски” во Берово учебната 2019/20 година ќе ја започнат со бројка од 400 ученици кои ќе посетуваат настава од прва до четврта година.

Лограње

X

Регистрација