– ММС
Вести Свет

Триесет години од падот на железната завеса: Меркел и Орбан денеска заедно во унгарски Сопрон

 

На денешен ден пред 30 гдини унгарските граничари првпат им овозможија на луѓето од тогашна Источна Германија (ДДР) слободен премин во Австрија. Железната завеса со тоа почна да заминува во историјата. Беше тоа пресврт и најава за крупни промени во Европа. Неколку месеци подоцна падна и Берлинскиот ѕид.

Триесетгодишнината од тој настан денеска во унгарски Сопрон заеднички ќе ја одбележат унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел.

На 19 август 1989 година во Сопрон се одржа Паневропски пикник што беше замислен како собир на Австријци и Унгарци на ливада покрај границата. Но, тогашните министери за надворешни работи на двете земји претходно се договориле тој ден границата да биде отворена на три часа.

Меѓутоа, гласот за тоа брзо се пренел меѓу источните Германци кои летувале во Унгарија. Повеќе стотини од нив тргнале кон Сопрон и ја преминале границата. Соочени со масата луѓе, унгарските гранични полицајци само се потргнале на страна. Со тоа, Унгарија стана првата земја што ја отвори границата меѓу Истокот и Западот.

Лограње

X

Регистрација