– ММС
Вести Македонија

За шест часа казнети над 200 возачи во Скопје

Половина од возачите возеле пребрзо, а 27 под дејство на алкохол.
Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека на 17/18.08.2019 во времето од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи што ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 102 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени соодветни казни. Откриени се и 52 останати прекршоци, за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 27 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 27 возачи. Откриени се 47 останати прекршоци за кои се издадени 17 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Лограње

X

Регистрација