– ММС
Вести Свет

Во бомбашки напад во Авганистан загинаа 63 луѓе

Најмалку 63 лица се убиени откако силна експлозија ја погоди салата, каде се одржуваше свадба, во западниот дел на главниот град на Авганистан,Кабул. Речиси двеста лица се повредени.
Ова го потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахим рано во неделата, додавајќи дека уште 182 лица се здобиле со повреди.
Сведоците велат дека зградата била преполна со гости, кога експлозијата се случила, бидејќи авганистанската традиција е да се поканат стотици луѓе на свадби.Видеата кои се споделуваат на социјалните медиуми покажаат шокирани жени ,кои врескаат и плачат пред салата за венчавки во Шахр-е-Дубаи. Објавени се фотографии, наводно, направени на местото на трагедијата, на кои се прикажани тела расфрлани на подот, среде превртените маси и столчиња.
Се појавија спротивставени извештаи за бројот на убиени и повредени во експлозијата, за која се претпоставува дека е дело на бомбаш самоубиец.
Толо њуз објави порано во неделата, повикувајќи се на извори, дека најмалку 40 луѓе загинале, а над 100 лица се повредени во експлозијата.

Лограње

X

Регистрација