– ММС
Вести Македонија

Алијанса за Албанците реагира поради, како што тврди „прикривање, односно обидот за молк од страна на одговорните институции во врска со апсењето на две момчиња од страна на полицијата, кои што вршеле транспорт и продажба нанаркотични средства, користејќи го возилото на полициски инспектор одсекторот на внатрешни работи во Тетово“.
„Според лиферуваните информации, возилото со коешто е извршувана продажбата на наркотични средства, не било задржано за натамоѓни егзаминации.Ова е загрижувачко бидејќи возилото било користено од страна на висок функционер на ДУИ.Овој функционер бил шеф на  Општинскиот кабинет на Гостивар, додека градоначалник бил Невзат Бејта, бил шеф на изборен штаб на ДУИ за
време на последните локални и предсетадателски избори, бил член на Општинската изборна комисија во Гостивар“, тврди партијата.
,,Како е можно целиот овој случај да помине само со задржување, како се напиша во медиумите, на двете момчиња продавачи, без притоа да се продолжи со понатамошно истражување? Која била
улогата на инспекторот и другите лицаоколу него? Дали е ова уште еден пример на селективната правда во државата?
Дали ова ја потврдува тезата дека правдата во ова држава е селективна и политизирана? Каде е правната држава?
Вчера се затворија очите во врска со пукотниците каде што учесник беше Џеват Адеми, денеска се прави обид да се затворат очите за братот на лицето којшто е многу близок со главните луѓе на
ДУИ. Кога се во прашање водачите на ДУИ, може да се случи што било, а правдата да не излезе на мејдан. Се работи за ДУИ сѐ е можно, можат да направат лакрдија без никаква грижа, бидејќи се сигурни дека законот и правдата за нив не важи, или пак имаат други механизми, само за нив познати, кои што им овозможуваат да избегнат од одговорност.

Во Гостивар, според статистиките иманад 5.000 корисници на наркотични средства. Се поставува прашањето кој ги снабдува нив? Дали сето ова е дел на оваа игра каде што главните луѓе се
токму водачите на ДУИ во Гостивар. Затоа ги повикуваме компетентнитеоргани да не молчат. Да постапуваат според законските прописи а не да молчат и да не преземаат никакви мерки како што веќе стана навика во државата кога се работи за лица блиски до ДУИ.
Само на таков начин може да се застане пред сомневањата потенцирани погоре и кои се сосема легитимни„, се вели восоопштението на Алијанса за Албанците.

Лограње

X

Регистрација