– ММС
Вести избор на уредник Македонија

Синиша Станковиќ во Стадион на Канал 77: Денешните политичари немаат доблест да кажат ,,Јас не бев за тие работи“

Токму поради тоа ни се случуваат афери како што е сега актуелната ,,Рекет’.Сите се’ знаат,сите се’ можат, рече новинарот Синиша Станкович при неговото гостување во емисијата Стадион на Канал 77.

Тој направи една паралела со она што како млад новинар го доживел, правејќи го своето прво интервју со човекот кој едноставно тогаш бил ретуширан од македонската историја, Методија Фотев, втор претседател по Ченто, во тоа време Президиум.Тој човек разочаран од прекинот на соработката на тогашниот СССР се обидел и да се самоубие , воден од тогашната идеологија, дека нема живот без Русија.Се повлекол од политиката  и триесет години живеел чувајќи стока во селото Бистрица.Во интервјуто  со него,вели  Станковиќ, Фотев си направил едно резиме на тогашната состојба со само  една реченица,,Луѓе, јас не бев за тие работи’

Такво нешто не може да се очекува од нашите политичари, вели Станковиќ, па дури ни по 30 години.

Според него аферата ,,Рекет“ мора да има разрешница.

,,Ако големата слика опфаќа навистина меѓународна инволвираност,  тоа ќе биде трагедија која што ќе покаже колку државата ни е на стаклени нозе, колку државата ни е безбедносно порозна. УБК ни е во трансформација но не треба  да се дозволи да не се знае ,кој јаде ,кој пие во државата.Сигурно имало и обиди за забошотување, сигурно имало обиди да се  направи нешто во стилот-што било,  било, ајде да заборавиме, да не шириме зла крв.’

Негов личен став е дека оваа афера мора да има разрешница,зошто ако нема , ако заврши како ,,бомбите’ што завршија како петардички, а Груевски беше осуден за еден мерцедес, не ни ‘ се пишува добро, незадоволството ќе се манифестира на друг начин.

,,Некој конечно мора да одговара’, рече Станковиќ при неговото  гостување во емисијата Стадион на Канал 77

Лограње

X

Регистрација