– ММС
Вести Македонија Свет

Српските медиуми пишуваат за содржините пронајдени во телефонот на Боки 13

Во телефонот на уапсениот македонски водител и поранешна ријалити ѕвезда на Боки 13, полицијата пронашла шокантна кореспонденција со познат српски политичар – објавија српските медиуми  Курир и Телеграф, пренесува вистина.мк.

Пронајдени се дури и експлицитни фотографии од нивната интимна средба, а тие сега се во сопственост на истражните тела и органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската меѓу нашиот водител и српскиот политичар имаат врска со аферата „Рекет“ која со денови ја тресе Македонија.

 

„Полициските инспектори кои го уапсија Боки 13 и му го заплениле неговиот мобилен телефон, буквално биле шокирани кога виделе што има во него. Меѓу другото, пронајдени се голем број на пораки што водителот ги разменувал со познат политичар од Белград, како и неколку фотографии и две видеа“ – открива соговорник од Скопје, вклучен во истрагата.
Според изворот, некои од пораките што ги размениле Боки 13 и политичарот датираат од деновите непосредно пред неговото апсење.

Лограње

X

Регистрација