– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Викендов изменет режим на автобуските линиите 19 и 20

Улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, утревечер од 22 часот до 5 часот изутрина во недела ќе биде затворена за сообраќај поради изведување градежни работи, па во тој период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот.

Автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана (ИГМ), по булевар „Босна и Херцеговина“, преку улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ ќе сообраќаат до терминалот во Шуто Оризари. По оваа траса, линија 20 ќе сообраќа во двете насоки – соопшти ЈСП Скопје.

Автобусите на линија 19 во правец кон Шуто Оризари ќе возат до кружниот тек во Топанско Поле, па по улица „Лазар Трповски“, булеварите „Босна и Херцеговина“, „Македонско-косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“ до Топанско Поле -Треска.

Кон Центар, линија 19 ќе сообраќа по вообичаената траса.

Лограње

X

Регистрација