– ММС
Вести Свет

Ќерката на милионерката Рејчел Клечер пронајдена мртва во базен

Ќерката на британската милионерка Рејчел Клечер, осумнаесетгодишната Џози е пронајдена мртва во базен крај вила на Мајорка по ноќ мината со пријатели. Телото на девојката е најдено во вторникот наутро, а лекарите само констатирале смрт. Истрагата околу причините е во тек, објави вчера британски „Телеграф“.

Џози била на одмор со семејството и пријатели. Таа е една од трите ќерки на Рејчел Клечер и ученичка во училиштето „Мортон Хол“ во Шропшир. Нејзината мајка е еден од основачите на водечката британска телефонска служба „Манипени“, вредна над 100 милиони фунти.

Клечер и нејзиниот брат Ед Ривс ја отвориле компанијата 2000 година. Денес таа има 700 вработени и остварува над 13 милиони повици годишно за околу 13.000 фирми.

Лограње

X

Регистрација