– ММС
Спорт Фудбал

Од Белград тврдат: Борјан, далеку пред Де Геа и Алисон

По извонредниот настап на мечот против Копенхаген, кога преку пенали, Црвена Звезда дојде до пласман во последното коло од квалификациите за ЛШ, го испофалија Милан Борјан, голманот на Црвена Звезда.

Легендата на „црвените“ од Белград, Ратомир Дујовиќ, смета дека Борјан со вакви перформанси, е далеку подобар од Де Геа од Манчестер Јунајтед и Алисон од Ливерпул за барем 50%.

Тој смета дека Борјан би бил подеднакво квалитетен да брани и во Премиерлигата.

„Милан Борјан? Па тој е 50% поквалитетен од Де Геа и Алисон. Тој е еден од најдобрите голмани во Европа и дефинитивно местото му е во Реал Мадрид или во Манчестер“, смета Дујовиќ.

Извор: sportclub.mk

Лограње

X

Регистрација