– ММС
Свет

Alibaba на врвот на листата Топ 100 кинески интернет компании

Кинескиот гигант за е-трговија, Alibaba Group Holding Ltd, се најде на првото место на листата 100 најдобри кинески интернет компании, а вкупното трошење на истражување и развој на овој гигант достигна нов максимум, покажа во средата новиот извештај на Министерство за индустрија и информатичка технологија на Кина.

Гигантите на друштвените мрежи Tencent Holdings Ltd и Baidu Inc го зазедоа второто, односно третото место, а ги следи и финансискиот технолошки гигант Ant Financial, според извештајот објавен од Информативниот центар MIIT и кинеското интернет друштво.

Инвестирањето во истражување и развој на најдобрите 100 кинески интернет компании во 2018 година достигна 153,87 милијарди јуани (30,38 милијарди американски долари), што во однос на минатата година е зголемување за 45,1 проценти.

Јиао Хулу, претставник на MIIT, изјави дека кинеските интернет компании остваруваат постојан напредок во истражување и развој, со низа меѓународно конкурентни играчи кои се појавуваат на полето на cloud computing, big data, вештачка интелигенција и другите технологии. Првите 100 интернет компании заедно имаат речиси 80.000 патенти, вклучувајки скоро 60.000 патенти за изуми.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација