– ММС
Вести Македонија

Ние немаме никакви проблеми со слободата на говор, рече Костадинов по изјавата на Заев за „суетениот новинар“ (Видео)

Ние немаме никакви проблеми во однос на слободата на изразување – изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов по бројните реакции во јавноста во врска со вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев за случајот Рекет.

Некој новинар вели дека имал докази и наместо да ги пријави, за лична корист, сакајќи да привлече внимание спрема себе, злоупотребува луѓе објавувајќи некакви колумни. Веројатно во таа смисла, беа искажани и зборовите „суетен новинар“. Ние немаме никакви проблеми со слободата на говор, ниту пак на било кој начин, пробуваме да работиме на штета на слободното изразување на новинарите. Тоа е евидентно, тоа се приметува – додаде Костадинов.

Новинарите го прашаа дали како пратеник ќе се огради од изјавата на премиерот Зоран Заев која што во најмала рака беше непристојна, но тој не одговори конкретно.

„Суштината во изјавата на претседателот и премиер, Зоран Заев, беше многу јасна и многу гласна. Дека конечно правда во Македонија ќе има. Дека правна држава конечно ќе профункционира. Без разлика кој го правел криминалот, без разлика дали се политички обоени или не се, секој кој што се огрешил пред законот“.

Лограње

X

Регистрација