– ММС
Вести Забава

Не, не може да јавате слонче: Порака од Зоолошката во Скопје до инфлуенсерките и блогерките

Во потрага по што е можно повеќе лајкови, македонските инфлуенсерки и блогови бараат „привилегии“ во Зоолошката градина во Скопје, каде сакаат да фотографираат со дел од животните.

Тина Мицковска од Зоолошката, денеска во врска се ова се огласи на социјалната мрежа Фејсбук. Таа им порача на инфлуенсерките дека повеќе лајкови ќе соберат доколку земат лопата за да го исчистат изметот на животните, наместо, како што вели таа, да им текнуваат будалаштини.

До сите новопечени инфлуенсерки и wannabe блогерки:

– Не, не може да јавате слонче

– Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа

– Не, не може да го држите Коко за рака и као демек шетате

– Не, не може да ги пуштиме лемурите надвор од живеалиште, за луѓето да мислат дека сте на Мадагаскар

– Не, не може да ја гушнете жирафата со две раце као демек ептен ве сака и сте BFF

– Не, не може папагалот за на стори да ви каже ја сакам Разменка во поштенско сандаче

– Не, не може да позирате со лавот и да пишете King and Queen – наведува Мицковска.

Нејзината објава за околу еден час собра стотина коментари, преку кои корисниците на социјалната мрежа дадоа поддршка за напишаното.

 

Лограње

X

Регистрација