– ММС
Вести Македонија

Инсекти прават штети на земјоделски насади во Демиркаписко

Големи штети бележат земјоделците од Демиркаписко деновиве на своите насади. Тие се жалат дека особено големи присутство на инсекти имало пред зајдисонце. Најголеми штети биле нанесени на виновата лоза и градинарските производи.

И од подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Неготино потврдуваат за овие проблеми на земјоделците од демиркаписко. Раководителот, Ѓорѓи Ајтов вели дека утврдиле оти станува збор за доматен четник или листен минер кај домати. Овој инсект најмногу напаѓал на доматите кои се одгледуваат во оранжерии и фолии.

„Им стоиме на располагање на земјоделците како стручна служба за да им помогнеме и да им појасниме што треба да преземат, за да се справат со евентуалните проблеми во нивните земјоделски имоти“,  вели Ајтов.

 

Ангел Данов

Лограње

X

Регистрација