– ММС
Забава

Работа на патот во Босна (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави фотографија, најверојатно од регионот, на која се гледа како непозната жена пере теписон среде улица. Несекојдневната сцена се појавила на Твитер која ги натера сите да се насмеат.

На фотографијата се гледа голем теписон сместен среде улица, додека покрај него стои жена со шише во раката.

Се претпоставува дека таа сакала да го испере, па го поставила на улица бидејќи сметала дека таму најдобро може тоа да го направи.

Фотографијата ги насмеа сите, па корисниците на социјалните медиуми си дозволија да се пошегуваат на сметка на ситуацијата.

„Важен е нагибот на теренот“, „Има ли ознака работа на патот“, „Обично место за перење теписон“, се само дел од коментарите.

На крај се испоставило дека оваа фотографија е од минатата година, но повторно станала популарна бидејќи е „премногу балканска“.

Лограње

X

Регистрација