– ММС
Вести Македонија

Изутрината почина малолетен скопјанец откако бил прободен со нож

17-годишно момче од Скопје, почина изутрината од убодна рана, која ноќеска по полноќ му ја задал познаник во парк во Ново Лисиче.Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош. Но, поради обилното крвавење, тоа за жал починало. Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола.

Н.Х. (17) рано утрово починал по физичката пресметка на неколку лица. А.Т. (18) по вербалната расправија извадил нож, соопшти полицијата.Тепачката се случила половина час по полноќ на улицата „Февруарски поход“, Вербалната расправија меѓу А.Т. (18) и К.Д. (17), од една страна со други лица завршила со физичка пресметка во која бил изваден и нож.

А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17) кој со возило на Брза помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал. А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.

Лограње

X

Регистрација