– ММС
Вести Македонија

Оставки нема, предвремени избори најрано во октомври догодина

Вакви се калкулациите на премиерот Зоран Заев, кој во неговото прво појавување по избивањето на корупцискиот скандал „Рекет“, каде се споменуваше неговото име и имињата на високи владини функционери, одговори дали ќе има оставки и предвремени избори, како што бара опозицијата.
-Апсолутно, владата која на чело го има човекот кој го пријави овој случај, сето тоа го ставам во вода, на страна. Немам намера да размислувам ниту за оставки, ниту за предвремени избори. Изборите се редовни. Реков тие не мора да бидат во декември, затоа што тие беа преусилени и мораа да се случат во декември, можат да се случат во октомври, ако за некој тоа значи успех, но после големите политички одлуки, после сите реформи кои заедно ќе ги донесеме, после нашето очекување за полноправно членство во НАТО, да поченеме преговори со ЕУ, изјави Заев.

Лограње

X

Регистрација