– ММС
Вести Македонија

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја симнат Владата од власт

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по избувнувањето на скандалот „Рекет“, во јавноста се појави премиерот Зоран Заев. Првите новинарски прашања се однесуваа на инсунациите за негова и инволвираноста на високи владини функционери во овој корупциски скандал. Заев тврди дека секој што земал пари, секој што прекршил закон, треба да одговара.
-Шпекулациите со кои се обидува некој да ме инволвира, уште еднаш ќе кажам – Јас сум Зоран Заев. Дојдов благодарение на гласовите на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, за правна држава, за владеење на правото, за нормална држава. Јас сум борец човек и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт, рече Заев.

Лограње

X

Регистрација