– ММС
Вести Македонија

Јанушев: Заев е во Македонија веќе неколку дена

На денешната прес конференција, Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев беше прашан од новинарите за негов коментар за тоа дали до сега од избувнувањето на аферата „Рекет“ премиерот Зоран Заев требаше да се обрати на јавноста, особено што се дозна дека вчера се вратил од одмор.
-Според оние информации што јас ги имам, Заев веќе неколку дена е тука, не се вратил вчера. Меѓутоа, тотално е небитно дали Заев ќе се обрати или не, бидејќи од минатото искуство со него знаеме дека што и да каже всушност лаже. И да се обрати очекуваме однесување во стилот како и до сега, одговори Јанушев.
Од високиот државен врв до сега нема одговор на обвинувањата и соменежите за инволвираност на луѓе од власта во коруптивниот скандал. И Владата и ангажираните обвинители беа на одмор, што не го прекинаа и покрај повиците и на меѓународната заедница за потребата од сериозен пристап кон искажаните наводи.

Лограње

X

Регистрација