– ММС
Вести Македонија

Ловците ќе можат да одат во лов на диви свињи , но ќе мора да се придржуваат на одредени правила

Ловците ќе можат да отстрелаат диви свињи, откако при влезот во ловиштата  извршат дезинфекција,  застреланите диви свињи да ги донесат на точно утврдени локации за да се земе мостра за утврдување на присуство на вирусот на африканска свинска чума. Доколку пак видат мрши на угинати диви свињи да не ги допираат туку веднаш да ги пријават. Ловците овие мерки  на Агенцијата за храна и ветеринарство да ги пренесат и на ловци од странство кои доаѓаат да ловат во македонски ловишта со цел да се спречи внесувањето на болеста од друга на територијата на нашата држава, рече Зоран Атанасов директорот на АХВ. Тој упати препорака и до домаќинства кои одгледуваат свињи.

– Одгледувачите на свињи кои не ги задоволуваат основните биосигурносни мерки на самото одгледувалиште тоа се обично селските домакинства, поточно кочините, дека сега не е момент за ваков начин на одгледување на свињи. Би им препорачал доколку можат да ги заколат во кланица и да си ги стават во своите фрижидери или пак да ги предадат на месната индустрија, рече Атанасов.

За концесионерте на ловиштата забраната за движење во шума поради предизвикување на пожари и отстрелот на дива свиња во ВИП ловиштата чии сопственици инвестирале и поседуваат богат фонд на овој вид диви животни беа две препреки за спроведување на меркте.

– Ловечките концесионери се во лоша финансиска кондиција. Со спроведување на овие мерки ќе бидат во уште поголеми финансиск издатоци. Затоа од државата ќе побараме финансиска стимулација за да покријат дел од трошоците што ќе се појават при реализација на овие мерки, рече Влатко Алексовски, претседател на Ловечката федерација на Македонија.

Тој пренесе искуство на ловечката федерација во Чешка каде, како што рече, се појавила оваа болест и таму успеале да ја искоренат па побара од македонските институции координација за превземање на чешката добра практика.

Убавка Јаневска

Лограње

X

Регистрација