– ММС
Спорт Фудбал

Роналдо има намера да го испише своето име во историјата на фудбалот

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека е мотивиран да освои нови награди. Португалецот е петкратен освојувач на „Златната топка“ и нема намера да застане на оваа награда.

– Јас секогаш се стремам да победам, пред сè, кога се ова се однесува на тимските трофеи. Впрочем, тие индиректно носат поединечни награди. Секој ден се будите со цел да постигнете нешто, а не само да заработувате пари. Фала му на Бога, не ми требаат уште пари. Сакам да го внесам моето име во историјата на фудбалот и да продолжам да победувам сè повеќе, изјави Роналдо.

Португалецот ќе се обиде во претстојната сезона да го однесе Јувентус на врвот во Лигата на шампионите и на тој начин да дојде до нови индивидуални признанија.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација