– ММС
Забава

Грешка поради која батеријата драстично се празни

Проблемот е со апликацијата, a еве и неколку решенија.

Во моментов многу корисници на Android имаат проблеми со енормно брзо и нетипично празнење на батериите на некои телефони. Поради грешка, која Google ја направил со последното ажурирање, апликацијата Google Play Services неприродно брзо и инвазивно ја троши батеријата. Проблемот е со самата апликација т.е ”грешката“ внатре во неа, за која Google е свесен и на која работи.

Во поставките за батеријата, управителот на оваа ”функција” на телефонот може јасно да види дека Google Play Services невообичаено брзо влијаe на автономијата на батеријата и тоа може да се спречи на неколку начини.

Потребно е да ја инсталирате постарата верзија на апликацијата, која може да се најде на страниците на APK Mirror или да се најавите во BETA програмот на Google Play Services. Toa е овозможено со најавување на линкот на апликацијата или во Google Play Store, по што ќе се инсталира нова верзија на апликацијата. Последната опција е секако да се почека новата верзија на апликацијата, на која Google работи.

Google Play Services честопати е причина за непотребното трошење на енергијата на батеријата по поголемите ажурирања на софтверот, па обидете се да испробате некои од овие решенија за да го прекинете брзото празнење на батеријата на вашиот телефон.

Извор: denar.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

Лограње

X

Регистрација