– ММС
Вести Видео Забава Македонија

(ВИДЕО) Во Делчево по невеста со Скании

Камерата на delcevo365.mk вчера забележа невообичени сватови во Делчево, кои по невестата заминаа со десетина камиони – Скании. Не е познато дали невестата со невестинскиот фустан успеа да се искачи во високите возила или влезе во една од елегантните возила, кои го придружуваа конвојот со камиони. Порталот пишува дека Делчево е град во кој има околу 500 професионални возачи на камиони кои своето парче леб го вадат во западно европските земји. Оваа недела, камионите наместо по европските патишта, имаа чест да ја бараат раката на една делчевска девојка.

Извор:delcevo365.mk

Лограње

X

Регистрација