– ММС
Спорт Фудбал

Билбао потпиша „луд“ договор со својот напаѓач и му ставија уште по „луда“ откупна клаузула

Атлетик Билбао откако почувствува дека нивниот фудбалер може да биде продаден за мала сума на пари, денеска го осигура на скоро една деценија.

Верувале или не, Билбао денеска со нивниот офанзивен играч Инаки Вилијамс, потпишаа 9 годишен договор, нешто кое завршува дури во 2028 година.

За овој фудбалер летово постоеше интерес од Манчестер Јунајтед и Ливерпул, двете екипи се распрашувале, но Атлетико не сакал да размислува за продажба.

Откако пристигнал и интерес од неколку екипи во Италија, управата на клубот решила да го стори нештото од кое ќе бидат мирни една деценија.

Му доделија 9 годишен договор на фудбалерот кој немал ништо против да остане овде цела кариера и му ставија откупна клаузула во договорот од 135 милиони евра.

Извор: sportclub.mk

 

Лограње

X

Регистрација