– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

(ГАЛЕРИЈА) Алпинисти повикани на помош во санирање на карпата кај Истибања

Неколку алпинисти осигурени со јажиња одвај се наѕираа на самиот врв на големиот карпест срт кај кочанското село Истибања на патот Кочани – Делчево, каде цел рид со огромни камења се струполи врз коловозот.

Денеска кога помина екипата на Канал 77, сообраќајот на тој дел се одвиваше нормално, но забавено од двете страни, со регулација на вработените од „Гранит“, компанијата која го доби тенедерот за расчистување на паднатиот рид.


Како што ни објаснија вработените градежници на патот, алинистите од Демир Капија се ангажирани да ја постават заштитната мрежа. За алпинистите можеби рутинска работа, но делува застрашувачко кога се следи од коловозот како аплинистот при спуштањето по јаже се одронуват земја и камења од натоложените карпи.
Најголемата карпа издигната на неколку метри од коловозот ќе остане и ќе биде заштитена. Според градежниците, фиксирана е и нема опасност од паѓање.

Луѓето ги заменија машините, кои до пред некој ден работеа на ридот. Единаесет пати е минирано во изминатите речиси две недели. Огромни камења што излегоа од минирањето, сега се на речниот брег, а дел завршија во подножјето на ридот.

Има уште работа, иако поголемиот дел од работите се завршени. Патот на овој потег, долго време беше проблематичен со повремени одрони, што ја блокираше едната коловозна лента. Дека дојде крај на половичните решенија, стана јасно по последните поголеми дождови во јули, кога ридот се истури врз двете коловозни ленти и сосема го запре сообраќајот на патот кој води кон соседна Бугарија.

Лограње

X

Регистрација