– ММС
Вести Македонија

Пендаровски: Да, разочаран сум од Катица Јанева

Дали е разочарани од јавната обвинителка Катица Јанева на која безусловно и давале поддршка, и дали ги изневерила очекуавња и дали целиот овој случај ќе влијае на евроинтегративните процеси, се прашањеата на кои претседателот Стево Пендаровски одговараше на денешната прес конференција.

„Ќе ви одговорам како човек, со оглед на тоа што сега го знаеме. Да разочаран сум. А, за евроинтергартивните процеси ви ркеов, ние сме во завршните фази од интеграциите со НАТО. Постои една мала теоретска можност сега за сега, да не ја завршиме целата фаза до 4 -ти демекври до Лондонскиот самит, затоа што Шпанија во моментов нема влада се бори со месеци да оформи влада, токму поради тоа теоретски нема да постигнат да го ратификуваат пристапот за НАТО. Но и сами знаете и смаи постојат земји членки на Европската Унија кои години наназад го имаат тој став, не се против Северна Макеоднија туку се против проширувањето во принцип, и ние не смееме преку вакви случаи, преку инертност или не постапување на државните надлежни органи да им дадеме и најмал повод да размислуваат во таа насока“, вели Пендаровски.

Лограње

X

Регистрација