– ММС
Вести Македонија

Близу 200 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати акциски контроли на учесниците во сообраќајот.

На 10/11.08.2019 година во периодот од 06.00 до 06.00 часот спроведе контрола на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола утврдено е дека 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани. Откриени се и 48 останати прекршоци кои исто така се соодветно санкционирани.

На 10/11.08.2019 година во периодот од 19.00 до 01.00 часот беше спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори ,при што беа откриени 26 прекршоци ,кои беа соодветно санкционирани.Исто така беа откриени уште и 27 останати прекршоци.

На 10/11.08.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот беше спроведена контрола за откривање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол при што од страна на полициските службеници беа констатирани четири прекршоци. Откриени се и 40 останати прекршоци.

Лограње

X

Регистрација