Српски Курир: Боки 13 се заканил дека ќе падне власта на Заев ако нешто му се случи во затвор
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/10/19 12:22 PM

Српски Курир: Боки 13 се заканил дека ќе падне власта на Заев ако нешто му се случи во затвор

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, за време на полициското сослушување после неговото приведување рекол дека поседува докази против премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, кои ги сочувал на сигурно на повеќе адреси, пишува српески Курир.

-Ако ме убиете во затвор, ќе паднат многу политичари, а тука мислам пред се на Заев и неговата влада. Имам докази против Заев и државниот врв. Се од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мојата мајка и на уште неколку адреси. Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и тоа се обидете да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, мачите, застрашувате, убаво ви кажувам, да не испадне после дека не сте знаеле, во Македонија ќе има политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден – рекол, според српски Курир, Боки 13 на сослушувањето.

Весникот уште објавува дека Боки 13 не е сам во притвор, туку хашката соба во Шутка ја дели со уште еден притвореник поради безбедноста проценка.

Преземено: www.fokus.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7