ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/7/19 1:03 PM

Велика Британија: Добитник на „доживотна“ лото-награда 30 години месечно ќе добива по 10.000 евра

Момчето Дин Вејмс (24) е првиот добитник на „доживотна“ лото-награда на Националната лотарија на Велика Британија што излегува во јавност, откако почна „доживотното“ лото во јануари годинава. Во следните 30 години месечно ќе добива по 10.000 фунти (10.854 евра).

Веќе ја составил и листата на желби, на која се и посета на Дизниленд, лет со балон, пишуваат британски медиуми.

„Тоа е неверојатно, првпат играм, а веќе материјално се обезбедив до крајот на животот. Тие 10.000 фунти месечно ќе ми овозможат во животот да го работам она што го сакам“, искрен е Дин, инаку вработен во „Амазон“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1