ММС

Објавено на: 08/6/19 2:38 PM

Валентино Роси образложи кој е неговиот тениски херој и како ги гледа неговите мечеви

Легендарниот МОТО ГП возач, Валентино Роси, истакна дека Роџер Федерер е еден од неговите херои во тенисот и дека тешко му падна поразот на Швајцарецот од Новак Ѓоковиќ на Вимблдон.

„Ги гледам сите мечеви на Федерер веќе подолго, тој е еден од моите херои. Се познаваме, некогаш и се допишуваме. Малку сум постар од него, но и тој не е повеќе така млад како порано. Сепак, и понатаму е во врвот“.

На прашање дали го гледаше финалето на Вимблдон, Роси одговори:

„Да, многу мои пријатели се навивачи на Федерер, па често ги гледаме неговите мечеви. Урлавме во текот на мечот на Вимблдон, голема катастрофа беше тоа што гој загуби, Новак Ѓоковиќ е како ѕид. Кога станува збор за стилот, и понатаму мислам дека Роџер е најголемиот во историјата, убаво е да се гледа како тој игра“, истакна Валентино Роси.

Извор:  sportclub.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.