Лестер барале замена за Мегваер во Борнмаут – од таму ги шокирале со барањата
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/19 2:49 PM

Лестер барале замена за Мегваер во Борнмаут – од таму ги шокирале со барањата

Лестер Сити успеа максимално да заработи со продажбата на Хари Мегваер во Манчестер Јунајтед, но тоа може сега да им се одбие од глава.

Сметајќи дека доколку го продадат за висока сума, што и го направија (80 милиони фунти), Лестер веројатно сметаше дека ќе успее да купи нов дефанзивец да го замени Мегваер и покрај тоа, да заработи некое милионче.

Лестер како прва мета го контактирале Борнмаут, да се распражаат за можноста да го ангажираат Натан Аке, за кој биле подготвени да платат 30 милиони фунти.

Но одговорот на Борнмаут бил шокантен за Лестер. Според Скај Спорт, Лестер веќе понудил 30 милиони фунти за овој играч, додека од Борнмаут биле јасни дека Аке може да замине само за вистинската сума – 75 милиони фунти.

Доколку Лестер сака да ја пополни испразнетата позиција на Мегваер, ќе мора да плати 75 милиони фунти, што сигурно нема да го платат, па нивната ароганција со тоа што им го шитнаа Хари Мегваер на Јунајтед за рекордна сума, сега ќе мора да им се одбие од глава на три дена пред крајот на трансфер периодот.

Извор:  sportclub.mk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7