ММС

Објавено на: 08/4/19 10:43 AM

Стотици чевли пред романското МВР поради исчезнати деца на протестите во Букурешт

Граѓаните на Букурешт оставија околу 200 чифта чевли, играчки и свеќи пред зградата на Министерството за внатрешни работи на Романија со цел да свртат внимание на проблемот со исчезнати деца. Националната либерална партија (ПНЛ), како организатор на протестот, укажува на трагедијата во Каракалу, каде беше убиена 15-годишна девојка која претходно беше киднапирана, „не е изолиран случај“ и тврди дека во земјата во минатата година исчезнале 400 деца.

Претседателката на градскиот одбор на ПНЛ, Виолета Александру истакна дека е неопходно да се работи на професионализација во решавањето на случаите со исчезнатите лица. Според официјалните податоци лани во Романија исчезнале 4.000 малолетни лица од кои 3.600 биле пронајдени.

Неодамнешното убиство на Александра Макесане предизвика гнев кај јавноста бидејќи полицијата не реагирала на нејзините повици. Полицијата имала и проблем да ја лоцира девојката бидејќи користела погрешна технологија, а барала и непотребен налог за претрес, дури по 19 часа кога ја пронашле куќата на киднаперот.

Дополнително е откриено дека истиот маж убил и 18-годишна девојка, која беше пријавена за исчезната во април годинава. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.