– ММС
Вести Македонија

По празничниот викенд се очекуваат гужви по патиштата, полицијата ќе го регулира сообраќајот низ гостиварско

Граѓаните кои по празничниот викенд ќе се враќаат од туристичките центри треба да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, апелираат од СВР Тетово. На западната магистрала се очекува да има и регулација на сообраќајот со сообраќајни полицајци на повеќе точки.

Според согледувањата на наплатнaтa станица Гостивар на автопатот Тетово-Гостивар, овие два дена поминале над 50 илјади возила. Најголемиот дел од нив се упатиле кон Охрид, Струга и Маврово. Од задутре се очекува да тргнат кон Гостивар, Тетово и Скопје.

– Предвидувањата се дека на 4 август во попладневните и вечерните часови, поголем број на граѓани ќе ги користат магистралниот патен правец Гостивар-Кичево и автоапатот „Мајка Тереза”. Од тие причини, ќе бидат ангажирани повеќе служби чија задача ќе биде регулација на сообраќајот за да се избегнат застои во одвивањето на сообраќајот. Апелираме до возачите да бидат потрпеливи и задолжително да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и сообраќајната сигнализација, особено да не престигнуваат и да се држат на прописно растојание, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според најавите, физичка регулација со сообраќајци се очекува да има на преминот Стража, на крстосницата за Маврово и Кичево и пред влезот на Гостивар кај „здуњската раскрисница”, каде вообичаено сообраќајот се регулира со семафор.

МИА

Лограње

X

Регистрација