ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/1/19 12:00 PM

Севернокорејски војник преку минско поле избегал во Јужна Кореја

Јужнокорејската војска притворила севернокорејски војник кој ја прешол доброутврдената демилитаризирана зона што ги раздвојува двете Кореи.

Ова го соопштува Здружениот генералштаб на Војската на Јужна Кореја, додавајќи дека војникот изразил намера од Северна да пребега во Јужна Кореја.

Засега неидентификуваниот војник е првиот што е откриен со уредот за термичко снимање додека синоќа се движел во близина на реката Имџин, пренесува „Ројтерс“.

Вчера јужнокорејската војска открила и тело на маж во близина на демилитаризираната зона, наведувајќи дека најверојатно се работи за цивил. Мажот носел панталони од војнички тип и се претпоставува дека е мртов најмалку две седмици.

Секоја година стотици граѓани на Северна Кореја се обидуваат да преминат во Јужна Кореја, но незаконските премини преку демилитизираната зона се многу ретки.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7