ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/1/19 11:49 AM

САД ја потврдуваат смртта на Хамза, синот на Осама бин Ладен

Соединетите Американски држави имаат информации од разузнавачките служби со кои се потврдува смртта на Хамза бин Ладен, кој наводно го населдил својот татко Осама на челното место во Ал Каеда, обајвува телевизијата НБЦ.

Хамза го сметаа за најсакан син на Осама бин Ладен, па и негов наследник во Ал Каеда, чија мрежа ги изведе нападите на 11 септември 2001 година во Њујорк, па името на 30-годишникот е на американската црна листа на лица обвинети за тероризам.

НБЦ прецизира дека нејзините извори не изнесуваат поединости за местото и датумот на смртта на Хамза, ни дали во тоа учествувале САД.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1