ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/1/19 6:41 AM

Еден загинат во сообраќајка меѓу комби и автобус на патот Велес – Штип

Во моментот на несреќата 15 патници биле во автобусот кој се движел во правец кон Штип. Неофицијално,  автобусот имал кратовски регистарски таблички, а патниците оделе на одмор во Бугарија.

Со автобусот директно се судрило товарно комби со скопски ознаки. Загинатиот е возачот на комбито во кое немало други патници. Повредени има десетина лица кои со возила на брза помош се пренесуваат на хируршкото одделение на велешката болница, а помага и противпожарната единица.

Полицијата врши увид и засега не соопштува детали за несреќата која се случила синоќа околу 20.20 часот кај село Мамутчево кај клучката за Ново Село на регионалниот пат Велес – Штип.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1