ММС

Усвоена Информацијата за почнување на реализација на нов Универзитетски клинички центар на гринфилд локација во Скопје

Владата на денешната 148. седница ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локација во Скопје и го задолжува Министерството за здравство како договорен орган да ја спроведе постапката за јавна набавка.

За потребите и реализација на новиот Универзитетски клинички центар на гринфилд локацијата во Општина Ѓорче Петров од аспект на изведба на инфраструктурни објекти и водови, Министерството за здравство поведува иницијатива за поддршка од надлежните институции (министерства, агенции и органи на извршната власт, општините во Град Скопје и Град Скопје), преку јавните претпријатија во чија надлежност се истите, да ги согледаат можностите за изготвување на потребна документација со техничко решение за изведба на инфраструктурните објекти и водови и со тоа да дадат свој удел во реализацијата на проектот за нов Универзитетски клинички центар на гринфилд локацијата, соопшти владината прес-служба.

Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје, како што се посочува во соопштението, треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.