Два триумфа на македонските кадети на кошаркарскиот турнир во Скопје
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/30/19 2:44 PM

Два триумфа на македонските кадети на кошаркарскиот турнир во Скопје

Кадетските репрезентативци на Македонија предводени од селекторот Денис Дервишевиќ, запишаа две победи на турнирот кој викендот што изминува се одигра во Скопје.

Нашите репрезентативци до 16 години кои се подготвуваат за континенталниот собир во Италија ги нагостија селекциите на Чешка, Полска и на Израел, и ги одиграа последните пријателски натпревари во пресрет на Европското првенство.

На првиот настап на турнирот во петок против репрезентацијата на Израел, нашите кадети претрпеа минимален пораз со резултат 65-66. И покрај лошиот старт, нашите кошаркари следните два дена, во сабота и недела, забележаа две победи, и тоа против Полска со резултат 71:68, и против Чешка 68-61.

Кадетите денеска имаа ден за одмор, а веднаш потоа заминуваат за Маврово на финално темпирање на формата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7