ММС

Објавено на: 07/29/19 8:43 AM

79 мигранти сокриени во камион, откриени кај Г.П Богородица

Седумдесет и девет мигранти открила полицијата. Тие биле сокриени во камион „мерцедес“. Според МВР, вчера околу 12,15 часот од страна полициски службеници од полициската станица „Богородица“ со кај место викано „Касарна“, сопрено било товарно моторно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ќ.(25) од Богданци.

По извршената проверка било утврдено дека возилото било сопственост на И.С.(32) од Скопје. Во возилото биле пронајдени 79 мигранти, а возачот бил уапсен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.