ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/26/19 2:05 PM

Со показна вежба заврши 10. Летен кампус

Со показна вежба на 120 питомци и студенти од нашата држава и 11 партнерски земји, денеска на полигонот „Криволак” и официјално заврши 10. јубилеен, меѓународен безбедносно – одбранбен проект, „Летен кампус 2019″.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, учесниците на Кампусот ги поздрави ресорниот заменик министер Беким Максути и им порача да бидат горди на себе, на сето она што го научиле и постигнеле изминатите десет дена.

-Партнерствата кои ги направивте за овие десет дена, сè што научивте и споделивте ќе останат засекогаш во вашите умови и срца. Пријателствата кои ги создадовте меѓу питомците од 12 земји и студентите од универзитетите ќе бидат вечни, рече Максути.

На затворањето на Летниот кампус, помеѓу останатите, присуствуваа и директорот на Генералштабот, генерал – мајор Зоран Милевски, директорот за одбранбено планирање во австриското Министерство за одбрана, генерал – мајор Јохан Франк како и командантот на TRIDOC на Косово, бригадниот генерал Илфете Спахиу.

Показната вежба се состоеше од активности поврзани со задачите при учество во мисија за поддршка на мирот, справувањето со толпа, борбата во населено место, постапка за справување со минско – експлозивни направи, како и давање прва помош проследено со медицинска евакуација со хеликоптер и реализацијата на односите со јавноста во меѓународни операции.

Учесници на кампусот беа питомци и студенти од Република Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Романија, Германија, Хрватска, Чешка и Норвешка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1