ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/24/19 10:21 AM

Во Албанија уништен споменик на грчки јунак

Министерството за надворешни работи на Грција вчера изрази загриженост и згрозување поради уништениот споменик посветен на грчкиот борец од почетокот на 20. век, Тимиос Лиолис, пренесуваат грчки медиуми. Споменикот бил кренат во воздух во селото Кранија на југот на Албанија.

„Атина од албанската страна очекува да преземе чекори на повторно воспоставување на чувство на безбедност кај грчкото малцинство и тоа што е можно побрзо. Министерството за надворешни работи и грчката абасада, како и нашите конзуларни власти во Албанија, внимателно го следат овој случај“, пишува во соопштението на Министерството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7