На реновираниот свињарник поставил хрватско знаме со петокрака, ќе мора да плаќа казна во динари или германски марки?!
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/23/19 12:32 PM

На реновираниот свињарник поставил хрватско знаме со петокрака, ќе мора да плаќа казна во динари или германски марки?!

Педесет и осумгодишен човек од околината на Дарувар изминатата сабота поставил нов покрив на свњарникот во својот двор, а завршувањето на работата одлучил да го одбележи со поставување на хрватското знаме врзано на една штица. Но, единственото знаме што го имал било тоа на некогашна Социјалистичка Република Хрватска, со петокрака, а не со шаховница. Соседите веднаш го пријавиле, па брзо му дошла полиција, пишува порталот „Даница“, а пренесуваат и други хрватски медиуми.

Полицајците му го одзеле знамето и му напишале прекршочен налог поради прекршување на Законот за грбот, знамето и химната на Република Хрватска. Но, бизарно е што во тој закон казната е одмерена на 20 до 50 германски марки во противредност на хрватски динари. Законот не е менуван од 1993 година, така што наведените казни се во валути што веќе не постојат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7