ММС

Објавено на: 07/23/19 12:30 PM

Србија: На сметка на градот летуваат на море 2.500 ученици од Јагодина

Основците што завршиле четврто и осмо одделение седум дена летуваат во Буљарица, Црна Гора, а матурантите во средните училишта пет дена се на летен одмор во летувалиштето Паралија, Грција. Вкупно со бесплатно летување се опфатени околу 2.500 ученици од Јагодина.

„Многу сме горди на бесплатното летување што оваа година градот го организира по 15. пат. Во изминатите 14 години на трошок на буџетот на градот летуваа во Црна Гора и во Грција повеќе од 30.000 ученици од Јагодина, од кои повеќето дотогаш не биле на море, па ни надвор од Србија“, вели заманик-градоначалничката Снежана Вукашиновиќ.

Во Одделението за општествени дејности на Собранието на градот за „Танјуг“ велат дека се’ е организирано на највисоко ниво. Со учениците одат воспитувачи, лекари, обезбедување…


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1