ММС

Објавено на: 07/23/19 9:44 AM

Осум балкански градови што мора да се видат, меѓу нив и Охрид

Балканскиот Полуостров можеби не е толку важна туристичка дестинација како некои други во Европа. Но, ова често неоправдано занемарено подрачје има се’ – од чисти плажи до недопрени планини, од урбани градови до археолошки паркови, а цените се пониски од познатите туристички дестинации во западна Европа, пишува „Култура Трип“.

На своите читатели им препорачува веднаш да го посетат Балканот, пред другите да дознаат колку е убав, а им препорачува и осум балкански градови што задолжително мора да се посетат, меѓу нив е и македонскиот Охрид.

Освен Охрид, другите седум градови се: Пиран (Словенија), Ровињ (Хрватска), Мостар (БиХ), Нови Сад (Србија), Будва (Црна Гора), Берат (Албанија) и Призрен (Косово).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.