– ММС
Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од правдата, велат од СДСМ

По денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Аровски од СДСМ реагираа со писмено соопштение во кое обвинуваат дека актуелниот лидер на опозициската партија, Мицкоски го брани криминалот на претходникот Груевски.

СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна. Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура. Закон за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од лидерската средба и застанаа на спротивната страна од правдата и одговорност – велат социјалдемократите кои сметаат дека Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите.

Лограње

X

Регистрација