– ММС
Вести Македонија

Арсовски: Дали Заев, Спасовски и Русковска ја штитат и кријат Јанева од органите на прогонот?

Дали Зоран Заев, Оливер Спасовски и Вилма Русковска ја штитат и ја кријат Катица Јанева од органите на прогонот? Ова е прашањето кое денеска јавно го упати портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.  Тој на прес конференција реагираше дека веќе седум дена, никој не знае каде е обивинтелката во оставка.

„Да потенцираме, дека во моментов додека Катица Јанева се крие заедно со еден од нејзините телефони кој што никој не знае каде е, може да влијае на сведоци, може да избега, може да уценува, да рекетира и се’ останато. Заев, Русковска и Спасовски, свесно и даваат простор и време, на Катица Јанева, но и на нивните блиски Кики и Фрики да се исперат од целиот случај“, изјави Арсовски потенцирајќи ги уште еднаш актуелните партиски барања – оставка од премиерот Заев и предвремени парламентарни избори.

Лограње

X

Регистрација